Заслужни за преводот на OpenOffice.org
Ова се заслужните луѓе кои на еден или друг начин учествувале во преведувањето на графичкиот интерфејс и/или помошта на OpenOffice.org на македонски.
Ова се учесниците на маратонот за преведување на OpenOffice.org одржан од 16.09 до 19.09 2005 година. Беше целосно преведен графичкиот кориснички интерфејс и дел од помошта:
Александар Аргировски |
Златко Трајчески |
Речникот на поими (glossary) го изработи Жаклина Ѓалевска. Преведената верзија ја имате тука во по-формат и тука во OpenDocument-формат.
Лектура, коректура и јазична редакција на преводот од маратонот (и темелно прегледување на целиот превод):
Магдица Шамбевска |
Жаклина Ѓалевска |
Ова се учесниците на вториот маратон за превод на помошта на OpenOffice.org, одржан од 30.06 до 02.07 2006 година:
Александар Балаловски |
Лидија Митоска |
Искажуваме благодарност за соработката со Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Скопје.
Искажуваме особена благодарност на фондацијата Метаморфозис која ги поддржа маратоните.
За преводите во 2008 година заслужна е Владата на Република Македонија.
Ова се страниците за постарата верзија 1.1.2 на OpenOffice.org на македонски. Тука има информации за маратонот за преведување на верзијата 1.1.2 на OpenOffice.org, а тука може да ги видите учесниците на маратонот.